ФУДБАЛСКА БРУКА НА ПОБЕДА

Резил од -9:1!

Тешко дека некој ќе се сети, дури и да ја следи Победа половина век, за нејзин првенствен пораз од осум разлика, каков што беше во саботата од Ренова во Тетово (9-1). Низ архивата нема таков висок пораз! Има еден, од 1942 година, кога клубот се викал СД Гоце Делчев, а загубил со 8-0 од ЖСК Скопје. За мала ,,утеха,, служат 7-те порази во рамките на Југославија со резултат 7-0 од: 11 Октомври Куманово (1949), Спартак Суботица (1952), Нови Сад (1960), Железничар Ниш (1965), Пролетер Зрењанин (1966), Брегалница Штип (1968), Младост Лучани (1988), а со 7-1 од Трепча К. Митровица (1973). Повисок има само во југословенскиот куп, од Партизан Белград со 11-0 (1958), а во Европа немаше срамни порази (дури и од гигантот Парма загуби со 4-0). Нужно е прашањето како е дозволено клубот со повеќе од осум децениска традиција да се извалка до темел, да ги засрами претходните славни имиња, да дозволи да го плукаат и најазапелните навивачи, невиден резил… Дали не треба некој да понесе одговорност што некој се мајтапел со авторитетот на клубот создаван со децении?

Следат мечеви за прволигашко простување, во средата со А. Пандев, в недела со Шкендија, потоа со Вардар и за крај со Македонија ЃП.

Loading