СИЛА ОД ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

Манастирскиот комплекс во Могилец во Поречието

– Ктиторот Мире Синадиноски го изградил, откако на Велигден преживеал срцев удар и му се јавило да изгради храм во родното место во Поречието

a2

Во срцето на Порече се наоѓа селото Могилец. Покрај познатите асоцијации се пештерата Пешна, реката Белица, Деви кули, езерото Козјак, природата создала рај за сите сетила, каде се верува дека имало 100-тина цркви и манастири. Меѓу сите светилишта во чистата богодарувана убавина е и манастирот посветен на синот Божји изграден крај патот Македонски Брод – Самоков во месноста Могилец, на 35 километри од Македонски Брод.

crkva2

Светилишта се подигнуваат и кога човек е најслаб, болен, беспомошен. Нашиот сограѓанин Мире Синадиноски со потекло од Порече со свои средства дигна храм, вградувајќи во духовното богаство на земјава уште еден свет дом да сведочи за една извојувана битка, за еден животен миг продолжен, оставајќи спомен за навек. Волјата и вербата во Бога, особено во синот Божји, го победуваат и најсилниот зол, суден час. За тоа сведочи градбата на манастирот на Синадиноски. Црквата Христово Воскресение е изградена пред 13 години, а конаците се стари 10 години. Манастирскиот комплекс е на околу 4 декари заедно со паркингот. Името е избрано по инфарктот, што го доживеал ктиторот и по сон. Се заветил дека ако преживее, ќе направи храм. При закрепнувањето го донесле со брза помош да каже каде да се гради светиот дом.

DSCN1875

Неколкуте соби во манастирскиот конак се небаре хотелски. Со сите нишани, со ТВ, ДВД, тоалети. А глетката од чардакот – “пари вреди”.

Комплексот има четири соби со кујна, трпезарија за 150 гости. Празник е третиот ден по Велигден. Природата и амбиентот се многу убави. Долу е Могилечка Река. Доаѓаат луѓе на преспивање во конаците. Има многу посетители лета за одмор, но и од мака. 

Манастирот го посетуваат многу верници намерници. Покрај третиот ден на Велигден, се слав Водокрст на 18 јануари кога поп ја крштева водата и од сите села доаѓаат по двајца да ја земат и да ја однесат в село. Третата слава е Спасовден. Се слави и Света Недела.

Edinstvena crkva posvetena na Hristovoto Voskresenie vo Porece

Иако е студено, и во зима е пријатен престојот. Но, поретко доаѓаат луѓе, освен оние со мака. Бројни се посетителите кои виделе себап од манастирот кој го симболизира “вториот живот” на Синадиноски.

Света Недела им помогнала и на Муслиманите

Според кажувањата на мештаните, првин е направен параклисот Света Недела на патот. Во него тече лековита вода, позната за илач за разни заболувања. Ја пиеле и се миеле и муслимани и православни. Се пренесува дека некое дете прозборело на седум години со водата од Света Недела. Одат и жени кои не можат да останат бремени, наши и муслимани. За сите макит. Има сведочење дека некое мало дете не можело да прооди, па кога се напило од водата веднаш станало на нозе.

Sepab od svetonedelskata voda

Loading