ПРИЛЕПСКИТЕ ЕКИПИ ГОСТУВААТ

Ракомет

Викендов нема сениорски ракометен меч во ,,Ричко,, поради тоа што двата прилепски тима гостуваат. Женската екипа Деспина гостува на Гевгелија, откако со три победи во низа ја преброди кризата. Ова е еден од најважните натпревари во плеј-аут групата, со оглед на борбата за врвот од табелата. Со победа и три бода прилепчанките ќе се искачат на првото место. Дуелот дава можност и за реванш, ако се има предвид дека пред еден месец дома Деспина – Гевгелија беше 27-28.

Табела: Гевгелија 27, Спартак и Деспина по 25, Цемс 12, Овче Поле 0.

Машкиот Прилеп по куп-поразот (45-21) од шампионот Вардар, викендов има тешко првенствено гостување во Радовиш. Тешко е бидејќи сите тимови во плеј-аут групата, освен Борец, се фаворити против прилепскиот тим. Среќна околност е што евентуален пораз нема да влијае врз пласманот на претпоследното место кое води во бараж за опстанок. До крајот на овој дел од Супер лигата преостануваат: дома со Охрид, Борец и Радовиш, на гости кај Радовиш, Струга и Вардар јуниор.

Табела: Охрид 39, Струга 34, Вардар ј. 21, Радовиш 18, Прилеп 13, Борец 0.

Loading