НЕМА СИЏИМЏИИ

Ortomziite isceznaa ostanaa samo bledite fotografii

Поштук фатија ортомџии. Од многуте фамилијарни занаети со ортомите, исчезна пред децении. Замина од овој свет и последниот наследник, кој се бореше со времето и се обидуваше да ја одржи семејната традиција со производство на ортоми во дуќанот в пазар.

Занаетот отиде во “неврат” заедно со добитокот. Малкуте сопственици  на стока ги колосуваа коњите, магарињата и кобилите на пасење по селата со други сиџими. Ортомите и јажињата од различни дебелини ретко се произведуваат од коноп. Овој материјал и ортомџискиот марифет ги заменија машините. Наместо конопни влакна, се употребуваат вештачки, синтетички конци. Дури и во бои. 

Loading