НАГРАДЕН КОНКУРС

Здружението Мариовско- мегленски културни средби, по повод одржувањето на 35-та јубилејна Мариовско мегленска културна средба, распишува анонимен награден конкурс за поетски лични творби.

Конкурсот трае од денот на објавувањето до  20.05.2019 г.

Заинтересираните автори творбите да ги испраќаат на адресата: ул.Сотка Ѓорѓиоски 14/7-1/3 згр. Хотел Скопје, Прилеп, со назнака за Здружението ММКС.

Поетските лични творби треба да бидат со патриотска, историска, социјална и слична тематика за регионите Мариово и Меглен и за Рапубликата. Поетската лична твроба да биде потпишана под шифра, а во прилог авторот да достави посебен запечатен плик на чија предна страна да биде наведена шифрата под која се пријавува на конкурсот, а во внатрешнота да бидат наведени следните податоци, име и презиме на авторот, адреса и телефон.

Идентификацијата на личните творби ќе ја изврши Комисијата за рангирање. Читањето на личните творби ќе се одржи на 23.05.2019 г. во Градската библиотека ,,Борка Талески,, во 19 часот. Читањето за секоја поетска творба да трае 3 мин.

Комисија за рангирање ќе го соопшти наградените лични творби за кои Здружението ќе додели три награди и тоа: Прва во износ од 4.000 ден, Втора во износ од 3.000 ден и Трета награда во износ од 2.000 ден.

Наградените лични творби ќе бидат прочитани и доделени на 26.05.2019 г (недела) за време на одржувањето на 35-та јубилејна Мариовско мегленска културна средба  во манстирот Св.Илија во Мариово.

Повеќе информации на тел.070/432-454, 076/529-193.

Здружение ММКС Прилеп

Loading