КАТАЛОГ И ИЗЛОЖБА ЗА ОБРЕДНИ ОРА И ПЕСНИ ЗА ЛАЗАРИЦА

vev

Здружението Менелај, кое истражува, промовира, популаризира и го заштитува културното наследство во Македонија реализира теренско истражување за празникот Лазарова сабота во неколку струшки села каде лазарувањето уште претставува жива традиција Популаризацијата на традиционалните женски обреди Лазарки од струшко е под раководство на етнологот,  Анита Ѓоргоска Талевска и фолклористот, м-р Горан Василески.

-Деталното се документираат фазите на лазарските обреди за да се придонеси кон јавно ширење на релевантните информации за ова културно наследство и нематеријално богатство. Сето тоа се чини преку фото и видео документирање и обработка фотографии, мелографија и кинетографија на обредните ора и песни. Крајна цел е изработка на каталог со описи и изложба на фотографии која најпрво ќе биде поставена  на јавен прстор во Прилеп, а потоа во Центарот за ликовна уметност. Преку повеќегодишни континуирани активности се документира, заштитува и промовира ова исклучително духовно културно богатство – вели етнологот Талевска.

Празникот Лазарова сабота, кај народот познат и како Лазара или Лазаровден, има подвижен датум и секогаш е осум дена пред Велигден.

– Празникот е дел од пролетниот обреден комплекс. Богат е со мноштво обредни дејствија, каде водечката улога ја имаат женските обредни поворки Лазарки. Тие се девојки во периодот меѓу детство и моминство, кои се облечени во свечена народна носија од својот крај, раскошно накитени и расположени за пеење и играње на обредните ора и песни. Празник уште се нарекува и ,,празник на девојките,,. Во минатото, во многу краеви на Македонија имало лазарски поворки кои играле и пееле лазарски песни, додека денес ретко може да се слушнат и видат Лазарки. Во времето на губење на традиционалните културни вредности преку интензивната глобализација, населението од  пределите струшко и дебарско жилаво и упорно ги одржува своите етно-религиозни практики, а тие доаѓаат до израз преку празнувањето на лазарскиот обреден комплекс – објаснува Талевска.

Loading