ГРГНУВАЊЕ

За мајтапчиите и нивните чешитлаци се знае уште од дамнина, кога излегол муабетот дека мајмун не игра во Прилеп. Во храмот за драпачки има и еден пензионер од Охридско, Струшко, населен во Прилеп.

Се штутка, се вртка, се дума, крои, како да влезе меѓу чешитчиите. Да каже нешто! Го фаќа страв да не биде одбиен. Очиклените пензионери насетија дека има „крт”, како што се вели сега модерно. 

– На гласно прашам, не че ми ги извај очиве или душава. Шо џаол че е чоеков? Абе, пријателе, а душко, ко да не си наш, а – го посочија прстот и погледо постојаните мајтапчии.

– Одовде сум, ама доселен со годиње. Од западна Македонија. Како ме сетивте, не ми пишуа на чело?

-По табието. Се врколкаш, чутиш, а името не ти го знам. Овдеа им велиме душко, на тие шо не знајме како се викат, сите носиме душа, ебаго.

– Сакам, ко шо велите, да кажа еден чешит. Незна дали ќе ми дозвола Рампо и Цане? А шо велиш?

– Како не можело, баго. Ако е сранско, че е супер. Цане, дојди да се видиш со сранецов. По потекло ти бил од Западнана Македонија. Сака да кажи некој чешит – свика овдешниот пензионер.

– Ако е од Западнава, арно, ама да не е од Јужнава. Че треба да го прашаме Рампа. Тој е по политичкиве нерешени прашања.

– Кој да е, од каде и да е, добредојден е. Ако зборува нашки, македонски, нека почни. За другиве јазици немаме преведувачи.

– Ако сум од Западнана, не сум странец. Нашинец сум, зборов ми ет македонски!

– Е, ако е така, мииир лујџеее…!

– Дамнешните предедовци ги научила маката да прават боза, сладолед, слатки рабојче и потквасувале млеко. Одале на печалба по светот, а идале и овде во Прилепов. Првиот од ними шо дошол во Прилеп се викал Тодор. Од шо бил добар мајстор, прилепчани дури му дале изим и кујча да напрај.

– Не должи, сме слушале за Тодора.

– Први шо му дошле на праго од слаткарницана биле даскалот со даскалицата од градов. И, Тодор прашал – ,,Даскале, да го тура или да го гргна бокалов со боза? Гргни ми го, ко да сум жеден, рекол даскалот,,. Тодор продолжил – ,,А, да и го турам или да и го гргнам на даскалицава?,,

– И, шо рекол даскалот, а душко – свикаја од првите редови?

– Се сетил  даскалот оти муабетот можит да се извртит, па му рекол на Тодора – ,, На даскалицава едно слатко, а за турањето и гргнувајњето, вечер че ја прашам.

ДДБ

Loading