ВЕЦЕСКИ Е НОВ ИГРАЧ

Фудбал

Ништо ново со резултатите на Победа. Ново има во играчкиот кадар. Тоа е Христијан Вецески, 19-годишен играч од средниот ред. Настапи во второто полувреме на пријателскиот меч со Осогово, а беше меѓу резервите на дуелот со Македонија ЃП во Скопје. Потекнува од Школата Тони, потоа преминува во 11 Октомври, Победа, а две ипол години помина во Академија во Чикаго, САД.

За Победа и натаму е борбата за опстанок, по ремито (0-0) со Вардар и поразот (3-0) од Македонија ЃП. Во средата беше реванш-купот со Академија Пандев (1-3), а викендов е гостување на Беласица во Струмица.

Табела: Шкендија 62, Вардар 50, А. Пандев 46, Ренова и Работнички 36, Македонија ЃП 34, Шкупи 33, Силекс 28, Беласица 23, Победа 19.

Loading