ТРЕНЕР Е ТРАЈЧЕ ИЛИОСКИ

Партизан/Напредок

И второлигашот Партизан Обршани се бори за опстанок. По Горан Тодоровски, тренер сега е Трајче Илиоски. Ситуацијата е тешка, не само затоа што резултатите се лоши, ами и поради малиот број фудбалери. На последниот дуел дома (0-3) со Тиквеш во записникот беа само 12-мина (11 во првата постава и 1 резерва). В сабота е гостување кај лидерот Борец во Велес, а потоа дома со Плачковица. На табелата Партизан е на 8 место со 13 бода, над Вардар Н. 11 и Саса со 10.

Во Третата лига – Центар Напредок Крушеани конечно загуби (3-1) од Младост во Кривогаштани, пораз прв по 11 ноември.

Loading