ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА СО 8 БИЛКИ

bilka

Боровинката, магдоносот или глогот се билките кои го подобруваат протокот на крвта низ крвните садови. Тие ја олеснуваат и ја подобруваат циркулацијата, многу подобро од синтетичките лекови. Циркулацијата на крвта е важна компонента на здравјето. Активното пумпање на срцето помага во транспортот на крвта која го пренесува кислородот и хранливите материи до сите органи во телото. Протокот на крвта помага и во транспортот на отпадните материи од бубрезите и белите дробови. За да се транспортира крвта без пречки, организмот бара правилна исхрана и менување на стилот на живот. Затоа е потребно вклучување на одредени билки за подобрување на целокупната крвна слика.

Гинко билоба има моќни антиоксидативни својства. Илјадници години се користи за лекување на разни проблеми со крвта и памтењето. Гинкото има способност да го подобри протокот на крвта со намалување на лепливоста на тромбоцитите. Ги шири крвните садови. Гинкото помогаа и во намалување на ефектите од Алцхајмеровата болест.

Боровинките имаат својства да ја разредуваат крвта. Ова овошје ја подобрува циркулацијата и помага при атеросклероза.

Популарниот зачин, магдоносот, има природни својства за ширење на крвните садови. Тој е богат извор на витамините Б12 и Ц.

Врбината кора содржи салицин, слично на аспиринот. Затоа врбата е традиционален лек за разни воспаленија и за разредување на крвта.

Кајенската пиперка е една од најздравите. Лутиот вкус доаѓа од капсаицинот, кој е корисен против слаба циркулација, главоболка, болка во грлото и забоболка.

Со правилна обработи на дивиот костен се приготвуваат лековити тинктури и кремови за лекување на циркулаторна инсуфициенција.

Глогот ја подобрува циркулацијата на крвта и позитивно влијае врз здравствената состојба на срцевиот мускул. Го регулира ритамот на срцето и го подобрува крвотокот.

Ѓумбирот располага со способност за ширење на крвните садови и крвта може полесно да протекува. Овој корен ослободува од мачнини и ја регулира столицата. Одличен е против настинки, грип и тегоби со зглобовите. Една чаша дневно чај од ѓумбир ја подобрува циркулацијата на крвта и го подига имунитетот.

Loading