МОЖАТ ДА ПОБЕДУВААТ

Ракомет: Конечно промена

Прилеп има најмалку бараж, Деспина се бори за 6 место

Rakomet

Прекина долгата серија порази. Машката, подмладена екипа на Прилеп, во Велес со 24-30 го совлада аутсајдерот Борец. Темелкоски беше најефикасен со 8 гола, Ѓероски даде 5, Свртинов и В. Трајкоски по 4, Крстески 3, Д. Трајкоски, Павлов и Вренцоски по 2. Победата не е без значење, бидејќи се потврди разликата со последнопласираниот на табелата. Може да се смета дека барем 7-то место е обезбедено, што води во бараж. Остануваат уште 6 кола и теоретски е можно искачување место погоре, но реалното достигнување е баражот. На тој квалификациски меч можно е противник да биде скопски тим, бидејќи на табелата во прволигашката конкуренција еднакви со бодови (15) се: Работнички, Металург 2 и Јуниор КВ, додека веднаш под нив со 12 е Младост Богданци. За Прилеп, по поразот дома (25-35) од Вардар јуниор, следи гостување на Радовиш на 27 април.

Табела од плеј-аутот: Охрид 39, Струга 34, Вардар јуниор 21, Радовиш 18, Прилеп 13, Борец 0.

И женската екипа Деспина им се врати на победите. По необичниот порз дома од Гевгелија (27-28), следеше победа (23-30) со Цемс во Скопје. Најрасположена за голови (10) беше Л. Рипилоска, М. Камческа даде 5, А. Камческа 4, Цветкоска и М. Јовеска по 3, Крстевска и Димитрова по 2, Седлоска 1. Добрата игра продолжи на наредниот меч дома со Овче Поле, добиен со високи 27-19. Листата стрелци на овој дуел ја предводат Е. Рипилоска и Л. Рипилоска со по 5 гола. На овој начин се задржаа шансите за 1 место во групата од плеј-аутот, што значи 6 место вкупно. Решавачки меч може да биде викендов, во Скопје, со водечкиот Спартак.

 Табела од плеј-аутот: Спартак 25, Деспина 22, Гевгелија 21, Цемс 9, Овче Поле 0.

Loading