МЕЧ ШТО СЕ ЧЕКАШЕ 5 МЕСЕЦИ

Историја

Во Македонија во Југославија беа ретки меѓународните натпревари. Во Прилеп во ноември 1972 наиде на воодушевување веста дека ФК Победа до ФСЈ испратила понуда да биде домаќин на реванш-квалификацискиот меч Југославија – ДР Германија. Од ФСЈ одговорија позитивно и наредните 5 месеци се броеја деновите натпреварот на 26 април. Беше предвидено трошоците да изнесуваат само 10 насто од вкупниот приход од влезниците. Прво се очекуваа 16 илјади, подоцна и 25 илјади гледачи. Беа поставени редови од трибината на земјениот дел, новинарска ложа со телефонски линии. Влезниците беа 30 динари за седење и 15 за стоење. Сместувањето беше во Отешево, а за време на мечот гостите во соблекувалната на Победа, домашните во 11 Октомври. Поројниот дожд не дозволи повеќе од 15 илјади гледачи, не дозволи ни голови (0-0) и Југославија отпадна, оти таму загуби.

За Југославија играа Ж. Ѓорѓиоски и Глигороски.

Loading