ИЗЛОЖБА НА М-Р МАРИЈА СВЕТИЕВА

„Изгрејсонца на животот“ е тематската изложба од 25 дела од м-р Марија Светиева, што ќе биде отворена вечерва од 20.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.

– Во континуитетот на опусот на м-р Марија Светиева, како во еден здив допираме еден воспеан, магичен и осознаен сон, кој на моменти се преточува во јаве, кое плени, давајки му на животот изблик на нескротлива радост. Делата се восхитувачко ведри, полетни со волшебна енергија на сугестивно, заводливо, вечно пролетно, со аура на магичен реализам, поместувајки ги границите меѓу јавето и сонот, соединувајќи ги световите на стварното и нестварното, на реалното и надреалното – забележува Виолета Калиќ.

 Светиева дипломирала на ФЛУ во Скопје, на отсек графика со графички дизајн. Член е на ДЛУМ, реализирала стипендија во Болоња, член е на Интернационалното здружение на графичари во Рим. Во 2010 магистрира на отсек графика при ФЛУ кај професорот Димитар Малиданов. Имала бројни самостојни изложби низ Македонија, во Хрватска, Србија, Косово…, како и повеќе групни поставки. Добитник е на повеќе награди.

Loading