IN MEMORIAM – БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ ОСТАВИ БЕЛЕЗИ ВО ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНДОРИНСКИ“

In memoriam Biljana BelicanecСо многу емоции, тага и солзи, голем број македонски актери и режисери, истакнати личности од јавниот и уметничкиот живот, колегите од театарот „Војдан Черндорински“ за последен пат се простија од драгата Билјана Беличанец, при тоа потенцирајќи дека живеела на и за сцената, и кога не била на некои претстави, постојано ја споменувала.

Билјана не глумеше само на сцената, таа живееше на неа. Беше талентирана актерка, омилена кај колегите. Нејзините почетоци во 1994 година беа на сцената на театарот ,,Војдан Чернодрински,,, кога се вработи како најмлад димпломиран актер на ФДУ.

На прилепската сцена почна со улогата на Пиа во ,,Честа на Чиполино,,, режија Коле Ангеловски во 1994 година. Додека замина во Драмскиот театар во Скопје во 1997 година одигра уште осум улоги, меѓу кои и ,,Пинокио,,, (ПИНОКИО 1995), Катерина (Во сино 1995), Албена (,,Албена,,, 1995) извонредната улога на Медеја (,,Медеја,, 1996), Милка (Елешник 1996/97)…

Во 1996 на МТФ ,,Војдан Чернодрински,, во Прилеп ја доби наградата ,,Трајко Чоревски,, за најдобар млад актер за улогата на Медеја во истоимената претстава. Четири години подоцна доби награда за најдобар млад актер и на Мали и експериментални сцени во Сараево, за улогата на Ерика Брукнер во претставата ,,Мефисто,,. На МТФ ,,Војдан Чернодрински,, Беличанец доби и награди за најдобро актерско остварување – во 2009 за улогата Кинегонда во претставата ,,Кинегонда во Карлаленд,, и во 2012 година за улогата на Сара во ,,Генетика на кучињата,,.

Loading