„ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Í Е ПЕТРУНИЈА“

Премиерно во ЦК Марко Цепенков

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар -Митевска, кој беше прв македонски претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, прилепските љубители на филмот ќе имаат можност да го проследат в сабота и в недела од 20 часот во големата сала од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Филмот има осум проекции на Берлинале и доби две престижни награди – Ецуменицал Ањард и Гуилд Филм Призе. Одличен одѕив од публиката и критиката имаше и главната актерка Зорица Нушева, а покрај неа во филмот учествуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски.

Филмот на Теона Стругар Митевска донесува лута, но меланхолична сатира која го доведува во прашање статусот на демократските промени во македонското општество и пренесува остри пресуди за претставниците на црквата, судството и медиумите. Симпатиите на филмот се со решителна жена која се наметнува себе си против архаичните традиции и парализираниот опортунизам.

Loading