БОГАТ АТ ПАЗАР

Turkanica nakupuvaci i prodavaci na dobitok

Плипот коњи, магариња, маски, па и волови на ат пазар на местото на фонтаната пред Комерцијална банка. Немало автомобили и камиони, комбиња и автобуси. А луѓето нужно било да се движат, да носат стоки на пазар, да се превезат некаде. Затоа се тргувало со добитокот. Прилепскиот ат пазар бил раскошен со понуда и побарувачка. Граѓаните одгледувале добиток главно за превоз на тутунот.

Сликата демонстрира мноштво добиток, кој служел не само во земјоделските работи, туку и за превоз. Дел од добитокот се товарал на самарите со вреќи и носел дрва од планина. Магарињата се познати по кошевите со тутун и по бурињата со вода за на нива. Неранетите прлиња есенско време завршувале за месо, оти се знае дека од амур од свинско и прлешко месо се прават најдобри колбаси. Нескротливи и опасни да не мавни некое чифте биле маските. Но, мошне вредни и тешко уморливи за носење на долги и тешко пристапни патишта. Коњите главно влечеле пајтони, ландони, араби и чези. Ги спрегнувале на вршење в село. А воловите кога ќе ги спрегнеле ѕевгар во јарем биле многу моќни за тргање на плугот за орање. Дури ги користеле и за влечење трупци од планините или за метални валјаци за набивање на калдрмата.

Исчезна добитокот со напливот на индустријализацијата. Останаа само фотографиите да сведочат за историјата.

Loading