АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Први Април помина, но за некои сеуште трае.

Х

Прекинав со молчење! Сега -‘ржам!

Х

Работеше за некој денар, а сега за секој.

Х

Во животот се’ си има граници, освен – глупоста!

Х

Ја улови жената и стана нејзин плен.

Х

Смеј се денес! Утре можеби ќе ти биде забрането!

Х

Колку е човечки да грешиш, толку е нечовечки вината да си ја префрлуваш на друг.

Д-р Хаџи-Васков”

Loading