НАПРЕДОК Е ЕДИНСТВЕНИОТ ШТО ГИ ОДБЕГНУВА ПОРАЗИТЕ

Фудбал: Имаме и светла точка

Пролетва има три победи и едно реми

Prviot gol na H. Mitreski

Тешко за навивачите на прилепските екипи. Пролетва немаат можности за радување. Поразите се секојдневие. Затоа во црната серија бараме светла точка, а таа се вика Напредок од Крушеани. Вреди да се одбележи нејзиниот успех, иако се работи за третолигашки ранг, Третата лига – Центар.

Серијата е почната есеноска, кога во последното коло дома (во М. Коњари) со 8-3 е совладано Тополчани. Пролетва клубот воден од претседателот Славе Ѓоргоски и Тони Наумоски (тренер со исто име и презиме како некогашниот репрезентативец) доведоа 10 засилувања и ефектот е очекуван. Прво дома со 4-2 е совладан фаворитот Бабуна, третопласирана на табелата. Потоа беше ремито (1-1) во Росоман, каде е испуштено водството во 85 минута. Следеа уште две победи. Прво дома со кандидатот за првото место, П. Гули, со 4-0.

Во неделата со 4-1 беше ,,прегазена,, и Тополка. По два гола дадоа Чешелковски и Христијан Митрески. Гостите даваа отпор до 55 минута, кога беше 1-1. Но, во наредните 7 минути паднаа 3 гола. Крушеанците го ставија во немоќ противникот, што доведе до расправии во гостинскиот тим. Се случи нешто невидено. Еен излегува, втор влегува, трет брани. Веднаш по третиот примен гол, откако слушна остри критики, голманот Куртагиќ замина од теренот. Влезе Богдановски, но тој не бранеше, ами играше во напад, додека на голот застана играч – Стефановски. Така, Напредок од есенските 7 стигна до 17 бода. Следи гостување кај Младост во Кривогаштани.

Табела: Превалец 38, П. Гули 34, Бабуна 27, Г. Коњари 23, Н. Црнилиште 21, Росоман 20, Братство и Марена 19, Напредок 17, Тополчани 13, Младост 12, Тополка 8.

Тешко за Победа и Партизан

Победа продолжува борба за опстанок во Првата лига. Во неделата беше поразот (5-2) од Шкендија, во средата во Охрид (0-0) со Вардар, а в недела е гостување на Македонија во Скопје. В среда е реванш-куп мечот со А. Пандев (1-3).

И Партизан Обршани се бори за спас, во Втората лига – Исток. По триумфот (1-0) над Вардар Н., се наредија порази, со Пехчево (6-1), Тиквеш (0-2), Детонит (3-0) и Кожуф (2-0). В сабота е дуелот дома со Тиквеш.

Loading