КОСА КАКО ГРИВА И ОКО СОКОЛОВО

Дали имате проблем со ослабен вид, со предвреме побелена и слаба коса? Природата како и секогаш има одговор. Потребни се неколку намирници да се измешаат и секој ден пред јадење да се јаде по една лажица. За неколку денови видот се подобрува, а косата добива поголем волумен. Плус, се враќа природната боја на побелените влакна.

Потребни се 200 г. ленено масло, 4 средни лимони, 3 помали главици лук и тегла мед. Лимоните првин се мијат. Два да бидат нелупени, со кора. Се лупи лукот. На два лимона им се лупи кората и им се вадат семките. Нелупените се сечат на парчиња и ставаат во блендер. Се мелат додека не добијат еднолична смеса. Постепено се додава лененото масло и мед и пак се миксаат до изедначување. Смесата се складира во тегли и чува во фрижидер. Се јаде по една супена (дрвена) лажица, половина час пред јадење, трипати дневно.

Оваа смеса го чисти и црниот дроб и крвните садови со што телото се ревитализира и подмладува.

Loading