ДОМАШНО ЃУБРЕ ЗА ЦВЕЌИЊА

Пролетно време треба да се освежат домашните растенија да не венеат и брзо да се развиваат на сонцето и светлината. Проверен рецепт да се поттикне вегетацијата е смеса од три состојки кои билката ја враќаат во живот. Тоа се една кора од банана, 3 лажички мелено кафе и 4 лажички мелени лушпи од јајце. На сето тоа се додава малку вода пред да се измати во блендер. Се прочепкува земјата на цвеќето пред да се стави смесата во саксијата. На крајот се полива со вода. За неколку дена нашиот зелен пријател нагло ќе трне да се развива.

Loading