БОБОЛКАТА ОМИЛЕНО ОВОШЈЕ ОД ДЕТСТВОТО

bobolka

Кога бевте деца го обожувавте плодот, го беревте, пентарејќи се на дрво. Станува збор за боболката која некои ја викаа дудинка. Се собираше и од земја, па се миеше. Имаше натпревар кој повеќе собрал и кој повеќе изел.  Не се насетувало дека тој прекрасен вкус, запаметен целт живот, всушност е суперхрана. Изобилува со антиоксиданси, нутриенти, витамини. Боболката е ценета во целиот свет како една од најдобрите лекови на природата. Секој дел е лековит. Се користи кората, листовите, свежите и суви плодови. Црните и црвените дудинки имаат најсилна арома. Незрелите плодови не се препорачуваат за јадење, бидејќи содржат лесни халуциногени својства.

Црната, црвената и белата боболка е раширена низ цела Европа, Блискиот Исток, северна Африка и Индија. Билката е богата со, алкалоиди кои го јакнат имунитетот, го балансираат шеќерот во крвта, а сувите плодови важат за една од најздравите природни закуски. Зрелите плодови се јадат, но се користат и за филови, чаеви, за добивање вина и ликери.

Loading