ПРЕМИЕРА НА МОНОДРАМАТА „ПОФАЛБА НА ЛУДОСТА“

„Пофалба на лудоста“ е монодрамата која актерот Милан Секулоски премиерно ќе ја изведи в недела, на 31 март од 20 часот во киното Мис Стон. Текстот е од Еразмо Ротердамски, режијата е на Саша Нацевски, а илустрациите на Ема Морисон Миткоска.

Текстот е драмска адаптација на филозофското дело од пред 500 години од холандскиот филозоф Еразмо. Монодрамата е селекција на најинтересните делови.

-Станува збор за сатирично исмевање и критикување на декадентното општество, во кое мнозинството í дава предност на лудоста (глупоста, незнаењето, униформираноста…), во однос на мудроста и филозофијата. Изборот е поради севременоста, односно тесната поврзаност со денешното време иако текстот е од пред 5 века. Тој е актуелен и денес, бидејќи ги опфаќа аномалиите во сите општествени сфери на секојдневното живеење: љубовта, бракот, сексот, театарот, уметноста воопшто, политиката… – вели режисерот Саша Нацевски.

Loading