МЛАДИОТ КРОМИД ГО НАМАЛУВА ШЕЌЕРОТ…

kromidКромидот е намирница нашироко позната по лековитите и превентивни својства за многу болести. Карактеристичниот вкус претставува неопходна состојка на сите готвени јадења, прилог за скара, а неретко се консумира и самостојно како познат убиец на вирусите. Го има целата година, но најдобри ефекти за здравјето има во пролет, па затоа се нарекува и пролетен кромид.

Ако се анализираат нутритивните вредности на стариот и младиот кромид, младиот е побогат со некои витамини и минерали. Затоа го викаат еликсир на здравјето. Содржи поголемо количество витамините Ц и К, кои се од клучно значење за минерализација на коските и чување на нивното здравје и црвстина. Младиот кромид го поддржува и зајакнува имунитетот. Витаминот А е во форма на провитамин што е неопходен за зачувување на здравиот вид. Благодарение на големото количество флавоноиди се спречува создавањето на слободни и штетни радикали. Тоа му помага на организмот да се одржува витален и здрав. Одличен е за срцето, бидејќи го спречува таложењето на масните наслаги во крвните садови. Така се овозможува подобар крвоток и намалување на ризикот од тромбоза. Важна придобивка доаѓа од присуството на хром. Овој минерал успешно влијание во регулирање на шеќерот во крвта. Хромот го стимулира лачењето на инсулин, одговорен за одржување на нивото на шеќер во крвта во нормални граници. Младиот кромид е фантастична храна за дијабетичари.

Затоа нема воздржување, туку трпезата се збогатува со овој свеж и исклучително здрав зеленчук.

Loading