БЕРБЕРСКИ МУАБЕТ

-Пак се сретнавме?

-Изгорев да се сретниме, знајш. Од судбата не се бега. Шо ни беше муабето?

-Не се сејчаваш, за берберо.

-А!?

-Пред да почниш да акаш, мисли малце.

-Кажи де?

-Муабето беше за марифетлаците на берберите.

-А,а!

-Не акај, да не ја расипиме живеачкава.

-Кажуј оти че ме вати нервното.

-Порано бев муштерија кај Лазе берберо.

-Лазе, покрај река.

-Го знам, да му е лесна земјата, злато чоек.

-Мекнач, со кроткото вребра.

-Јас појден кај ручек. Во то време синијата кај него послана. Тука му беше кујчата.

 -И јас му седнував од време на време. Не му беше за јадејнето, туку за ракиичката. Жабчето почнуваше да му крека.

-После че се навали вкревет. Го крена мустајчо ко да мисли. Рече кај биле три-четири минути, кај не биле. Уште еднаш во вакво невреме да не идиш. Таман почна. Влегува три-четворице в берберница.

-Ами сега?

-Уште вие мибевте кусо. Шо ова време?

-Шо му фали на времево?

-На времето ништо. На мајсторо ова време зна рацете да му треса.

-Не се саклдисувај. Не сме гратски, да се плашиме од тресејне. Помини по еднаш со то бричо по ова џонојве, намирисај не појче и то.

-Не ми се крши атерот за долненци. Храбри. Едни се чудо. Не сакаат сапунисувајне. Герои! Да завршам со гратсково, па че ве суредам еден по еден.

-И?!

-Ме помина. И денеска го памтам. Ко да му бев крив. Незнам колку влакна ми искуба со рачната машинка. Ко овца да стрижеше на норма.

-Шо бидна со децата?

-Седнувај! Му вели на првио. Те знам. Личиш на долненец. Сапуница не ти треба,а!

-А бе чичо Лазе, како…?

-Чичко Лазе најубо че го наточи бричо!

-А бе чичко Лазе…

-Глеј, свети. На летајне влакно сечи. Нема да сетиш дека си бил на бричејне! Му ја турна глата настрана, му го кладе лактото на уво и почна да стружи. Чкрипи ли, чкрипи. Мислиш надвор од берберница се слуша.

-И?!

-Стегаа заби, очи и вика: ,,Чичко Лазе, чекај море,,…

,,Не стенчи. Не најдувај мана на бричејнево,,.

,,Бричејнето нема мана. Сакам да ти кажам дека…

-Кажи јуначиште едно!

-А бе каков јунак, јунец невиден сум. Ама не сум долненец. Јас сум домазет во ербапското маало.

-Златен, кажи, шо чутиш. Стани и глеј шо е јунаштво!

-После?

-Тамам Лазе да го викни вторио, тие беа на автобуска. Се туркаа кој побрзо да влези во рејзо.

-Дувнаа?

-Струја. На Лазе му беше ниет да замина сами. Не му се работеше после еден. Чу за старите бербери, а?

-Не акај и ти.

-Мирен. Кажи ти за Пројче рибаро?

-Слушај!

-Слушам!

-Слушај колку сакаш. Другпат че ти раскажам ко че се сретниме. Чом кај Мевцето. Сакал да е чести едно црно. Така му рекла душичката. Ко те викаат на пијајне ој, а за на работа стој. Ај создравје.

-Поздрави го Мевцетои не врлај камен со него!

Џага Дур

Loading