„ВТОРА ШАНСА“ ОД СИМОНА ПАСКОСКА

simona paskoskaРоманот „Втора шанса“ е второ дело на авторката Симона Паскоска, по поетската збирка „Горка Љубов“. Роман, приказна за една млада девојка по име Нина.

-Животот на младата Нина се претвора во пекол со еден телефонски повик, моментот кога минатото и сегашноста ќе се поклопат и судбината ги спојува коцките. Дали сите личности кои ќе се соочат со Нина се дел од нејзиниот пекол? Дали патот ќе ја одведе до целта? Се надевам дека романот ќе побуди емоции, поради неизвесниот крај кој остава без здив – вели авторката.

Делото е напишано за 3 месеци. Пријавено е на наградниот конкурс на издавачката куќа Дата Песнопој во Битола, на кој ја освоила втората награда, Книжевни Мередијани.

Романот буди голем интерес од собраната неколкугодишна инспирација ставена меѓу корици.

Промотор беше Биљана Тинтоска.

Loading