ПРИЛЕП ВО ПЛЕЈ-АУТ

Ракомет

Подмладената екипа на Прилеп со пораз (40-24 од Пролет) го заврши основниот дел од Супер лигата и за неа претстои борба за опстанок. Претстои плеј-аутот со 6 тима. Еве ја скусената табела: Охрид 27, Струга 25, Радовиш 15, Вардар јуниор 12, Прилеп 10, Борец 0. Последниот отпаѓа, претпоследниот ќе игра бараж, останатите се спасуваат. Во 1 коло Прилеп гостува на Охрид, потоа е домаќин на Струга.

Женскиот тим Деспина плеј-аутот го почнува дома со Гевгелија.

Loading