КОЈ ГО НАСЛЕДУВА НИКОЛОСКИ?

Фудбал

По поразот на Победа од Ренова, оставка поднесе шефот на Стручниот штаб Јане Николоски. Тој ја презеде одговорноста за слабите резултати во пролетниот дел: со Беласица 1-1, Шкупи 0-3, Работнички 0-1, Силекс 0-1 и Ренова 2-3. Наследник не е назначен до заклучувањето на бројов.

-Управата нема донесено одлука. Логично е, по оставката, од екипата да заминат и членовите на неговиот штаб. Во паузата на првенството ќе биде избран нов Стручен штаб – објави клубот.

Паузата е до 28 март, кога е мечот дома со Академија Пандев. Потоа е збиен распоред со дуели секој трет или четврти ден. Гостувањето кај Шкендија, дома со Вардар, кај Македонија ЃП, дома со А. Пандев (за куп) и кај Беласица.

Табела: Шкендија 50, А. Пандев и Вардар 42, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 30, Македонија 26, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18.

Loading