МЛАДИТЕ ИГРАА, СТАРИТЕ АПСТИНИРАА

Ракомет – Прилеп во завршницата од Супер лигата

По поразот во Охрид, домаќини“ во Битола

Prilep

Долго се надевавме во средување на состојбите во машкиот ракометен суперлигаш Прилеп, но од тоа досега – ништо. Пречка биле неисплатените  плати. Во зимскиот период имало малку тренинзи, а повеќе апстинирање. Како никогаш порано не е одигран ниеден пријателски меч, а по првиот одложен дома со Еурофарм, следеше гостување во Охрид, каде е доживеан пораз од 35-19. Според записникот, екипата настапила со премлад состав Талески, Мурѓески, Ѓероски, Д. Трајкоски, Свртинов, Јосески, Ангелески, В. Трајкоски, Илиески, Темелкоски, Павлов, Стојаноски, С. Трајкоски, Крстески. Клупски претставник бил Кристи Шокоски, тренер Адријано Котевски. Значи, ги немало постарите првотимци, како и тренерите Пеце Велјаноски и Тони Димоски.

– Додека нема пари, не сум тренер. Се враќам само ако се среди ситуацијата – рече Велјаноски.

Во средата беше поразот ,,дома,, во Битола со Пелистер, викендов е гостување кај Пролет во Скопје, и со тоа завршува основниот дел од Лигата. Табела Еурофарм 46, Пелистер 38, Пролет  34, Бутел и Охрид 33, Струга 25, Радовиш 12, Прилеп 10, Вардар ј. 9, Борец 0.

Ретко разочарува женскиот тим Деспина, но и тоа се случи. Дома е поразена со високи 22-29 од Пелистер. Битолскиот состав и без засилувањата отстрана беше пресилен. Прилеп не можеше да најде замена за бековите Гичева – Конески и Јовеска. Во вторникот беше дуелот со Спартак во Скопје (пораз од 32-28), а викендов е мечот дома со фаворитот Куманово. Табела Металург 42, Куманово 40, Вардар 34, Стружанка 31, Пелистер 30, Спартак 26, Деспина 16, Гевгелија 12, Цемс 9, О. Поле 0.

Ѓорѓиески во Работнички

Екипата на Прилеп не ќе може да смета на пивотот Пеце Ѓорѓиески. Тој заминал во прволигашот со суперлигашки амбиции, Работнички од Скопје. Останува да се види дали уште некој од првотимците што не играа со Охрид и Пелистер, ќе се одлучи за друг клуб.

Loading