В НЕДЕЛА СИТЕ ВО СУРАТИ

18-то издание на Меѓународниот карневал Прочка 2019

Screenshot 1

На Меѓународниот карневал Прочка 2019  годинава ќе учествуваат над 600 учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Турција. Прилеп станува престолнина на маските уште денес, петок, со изложбата на традиционални маски изработени од учениците од основните училишта која ќе биде поставена во ЦК ,,Марко Цепенко,,. Дефилето на детски маски на плочникот е утре, а главната параде на маски е в недела во центарот на градот. Во конкуренција за награди ќе бидат и модерни и традиционални маска. В недела во 21 часот ќе се одржи маскембал каде ќе се доделат наградите. Манифестацијата завршува в понеделник со ручек и традиционален посен грав приготвен од организаторот, здружението Прилепски мечкари.

-Ќе има нова содржина, а тоа е Статуа Фест кој со уличната уметност ќе даде една нова димензија на манифестацијата вели градоначалникот Илија Јованоски.

-Статуата фест значи улични уметници од Европа, кои ги работат овие перформанси на сите плоштади во светските метрополи, познати како улична уметност. Манфестацијата ќе се збогати со дела на прилепските уметници кои ќе работат во делови од центарот на градот, а кои ќе останат да ја красат урбаната средина – вели Јана Јанеска-Ристески.

Фестивалот го промовира градот на меѓународнната карта на карневалски градови. Неодамна се формираше ФЕКК Македонија, Здружение на карневалски градови од нашата земја.

Loading