ТРИБИНАТА СЕ ПОКРИВА

Фудбал – Стадион ,,Гоце Делчев,,

Пролетва се очекува работа и на теренот

Stadion

Пријатна вест и од фудбалот. Почнаа работите што се однесуваат на покривањето на северната трибина од стадионот ,,Гоце Делчев,,. Веќе се поставени металните столбови над најгорниот ред, а врз нив потоа ќе има покривна конструкција. Се очекува при крајот на пролетва да биде готов покривот, а паралелно ќе се одвивале и активностите на трибината која собира околу 2500 гледачи.

Друга важна работа, секако, е теренот. Тука може да се очекува довршување на дренажниот систем кај западната страна. Потоа на ред е потревнувањето на теренот за да може да се види онаков каков што беше повеќе децении наназад. Додека се одвиваат работите, најзагреаните навивачи секојдневно доаѓаат кај стадионот, љубопитно го следат секој детал. Сите се надеваат на што поскоро завршување на проектот за да можат, како порано, да гледаат квалитетен фудбал.

Пораз во Купот

Победа со 3-1 загуби во Струмица од Академија Пандев во полуфиналето од Купот. Наместо Јане Николоски, за кого е објавено дека бил болен, тимот го водел асистентот Николче Здравески. Реваншот е на 10 април. Во првенството, по поразот со 0-1 од Работнички, в недела е гостувањето на Силекс.

Loading