СЕКОЈДНЕВЕН ЛЕК ОД 7-9 КИЛОГРАМИ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

ovosje

Хранејќи го телото со 7-9 килограми органско овошје и зеленчук во вид на сокови и тоа до 13 чаши дневно за кусо време ќе се регенерира организмот. На овој начин се зголемува оксигенацијата, оти недостигот на кислород во крвта е причина за најтешко излечливите дегенеративни болести.

Салатите од суров зеленчук и сокови од овошје содржат најефикасни состојки. Тука се јаболката, морковите, целерот, зелената салата, брокулата, доматите, зелената пиперка, ротквичките, репките и зелката. Оброците со компир се препорачуваат за ручек и вечера, а еднаш седмично може да се заменат со оброци од интегрален ориз. За појадок се препорачува овесна каша со парчиња јаболко, папаја или друго свежо овошје. Мед и јаворов сируп смеат да ги консумираат сите освен дијабетичарите и лица кои боледуваат од хипогликемија. Оброците со компир се препорачуваат за ручек и вечера, а еднаш седмично може да ги заменат оброците со интегрален ориз.

За вечера се препорачува лековитата хипократовата супа, за чиј рецепт се верува дека го смислил татко на медицината пред 2500 години, според кој го добила името. Таа содржи корен од целер, корен од магдонос со средна големина, главици кромид, страк праз, лук по желба, 600 гр. домати, 400 гр. компири.  Намирниците се сечкаат и се потопуваат со свежа, чиста вода. Се варат додека не омекнат. Супата се консумира топла, а може да се чува во фрижидер до два дена.

Овој начин на исхрана е делотворен во лекувањето на високиот и нискиот крвен притисок, болести на бубрезите, артритис, мултипла склероза и рак.

Loading