КОНЕЧНО „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО ПРИЛЕП

ruganje so isusУтревечер

Утревечер од 19 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ пред ќе биде прикажан контроверзниот македонски игран филм ,,Ругање со Христос”. Филмот финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, ја имаше светскатата премиера лани на Филмскиот фестивал во Монтреал. Продуцент и режисер на филмот е Јани Бојаџи.

Актери се Мето Јовановски, Марина Поп Панкова, Андреј Серафимовски, Владо Јовановски…

Четири приказни се раскажуваат одделно, но сите се вкрстуваат во една приказна. Се работи за Александар Филипопулос (Љупчо Тодоровски, Македонија), новинар во познат политички магазин во Париз, кој по потекло е од Грција. Во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на крстосница добива писмо од неговиот братучед Вани (Младен Крстевски, Македонија) од родното село Герман дека татко му Лазар (Мето Јовановски, Македонија) умрел во Македонија. Александар во Франција ја напушта неговата сопруга Магда (Јана Клејн, Франција) и од Париз се враќа во Атина. Оттаму патува во родното село Герман (Агиос Германос) на северот од Грција покрај Преспанското Езеро. Така тргнува во потрага по вистината за тоа кој бил неговиот татко Лазар.

Влезниците за филмот се продаваат преку страницата www.kupikartizase.mk и во трафиките на Тобако.

Loading