ЧОКОЛАДО ПРОТИВ ГЛУВЦИ

Глувците и стаорците се приспособени да живеат во непријатни услови. Овие грди животни можат да минат низ пукнатините на ѕидот и низ други отвори како што е канализацијата и да влезат дома. Животните, освен што оставаат измет насекаде, шират и страшни заразни болести. За дом со мали деца, ризикот е уште поголем, бидејќи децата често играат на подот и се изложени на допирање на телесните течности и изметот. Овие штетници лесно и брзо се размножуваат. Женките може да имаат од 15 – 22 глувци годишно. Иако постојат многу средства за елиминација, најдобар за ослободување е природен начин.

Сода бикарбоната е ефикасна, бидејќи глувците не можат да ја сварат. Поставете на стратешки места, онаму каде што глувците најмногу се движат. Тие ќе ја јадат и ќе умрат.

Мешавина од гипс, храна и сол се става на стратешки места, па кога глувците ќе ја внесат во својот организам, гипсот ќе се зацврсти и тие ќе умрат.

Глодарите сакаат чоколадо. Тоа е одлично за привлекување на вниманието. Се миксира чоколадо во прав со гипс и тоа функционира ефикасно.

Loading