БЕРБЕРИ-МАЈСТОРИ

-А бе кај си, море?!

-Се попрај времево и живнав. Не те гледам често. Кај акаш?

-Чом, да сркнам чорба, а после кај Пројчета.

-Пројчеод Пројко?

-Еден е Пројче. Не ко тебе. Со лопата да ве рина, па че останите.

-Шо ти текнало?

-За совет.

-Станал советник?

-Некое време, ама многу не се шири.

-Да не се плаши од порез?

-Советите му немаат цена. Не ги наплајча, ама секому не ги кажува.

-Ко магла димам пред очи. Дувни да ја отераш? Некој правен совет, а?

-Не е, ами практичен. Нешто за рибарењето.

-Пројче и риби!?

-Не знајш? Големо рибариште стана! Со факултет!

-Од него че учиш за риби? Нему че му избега риба од песок.

-Ги врлал впесок, а други ги клавале вкошој. За то попосле. Кај че ојш ти?

-Да турнам една ракија, па на бербер.

-Кој бербер те прај?

-Да не сакаш да те препорачам?

-Сполајти, доста ми е еден. Пази кај седнуваш. Опасни се младиве. Седнувај му на еден и не го менувај.

-Таму еден калфа само потшепнува: ,,Мајсторе напрај му го подолу, скини го ова да не му стрчи…,,. Уште е младо, сомнително. Не му се плашам.

-Ко че му седниш, препушти се на судбината.

-Ко че ти го врзи чаршаво, воздух не можиш да земиш. Да не можиш писниш, ако фати зорт. Небаре операција че прај.

-Рацете не ги врзува за столица? Зато ти бирај кај ојш,

-Го нема Апле, Гарбе, Ајдаро, Калинче, ни Чуле… Крсте е директор, појче не ги валка рацете. Калфите од нивните калфи се мајстори, помлади здравје. Па одбирај на кого да му седниш.

-Можи че куртулиш, ама не знајш како че излезиш во глата. Младиве не знајш дали се бербери или цртачи. Може да ти нацрта алка над левото уво. На шо че личиш?.

-На скопјанец. Уште дечко че ти фали за тапија.

-Па избриши ја тапијата после. Недај Боже да ти го снема берберо, нема друг да најдиш. Само некои студија, салони, хауси, хаоси, дрн-дрн и то се некој кецој нумеро 1, формула 1, спорт 1,никако двојка!

-Ко сите од Севилја да се дојдени.

-И музиката му е заебана. Сé некој укачи. Кај се Брмбе или Зафиро, кај е  Јонче од Битола… То е. Ги нема старите времиња!

-Сега да те заболи нешто одма на матичен. Тогаш немаше поарен доктур од бербер. Сé знаеја. Киваш – земи ова, кашлаш – земи она, боли глата – тријање кај комшивката, мајасол – да те намачка Спасе дватрипати и ко на пес че ти помини…

-Беа и еснафи и светци со усул. Пајџаа мајтапи без лутење. Родени за слизгајци.

-Од искуство велиш?

-Да не си од Нороо, ко да не си му седнал на постарите?

-Не сум черашен. Слатко беше. А те начекаа, че ти го свирнеа без да се сетиш. Ми текна за една заебанција.

-А!

-Не акај, слушај! Туку, заминувам! Че ми се излади чорбата.

-Така че ме остајш?

-Затни ја муцката, ко че се видиме другиопат че ти раскажам раат.

Џага-Дур

Loading