ТЕАТАРОТ „ЧИН 4 СЦЕНА 5“ ЈА ПОДГОТВУВА „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“

vikendЗа 12 годишнината од плодната театарска дејност, театарот „Чин 4 Сцена 5“ ја подготвува комедијата „Викенд на мртовци“. Премиерата е планирана во март.

Поставувањето на и култната комедија од нашиот Миле Попоски е во чест на големиот прилепски автор, чии текстови биле едни од најизведуваните низ театарските куќи на Македонија.

– Ќе играат ветераните – некогашните членови на театарот, кои сега се возрасни луѓе, со семејства и кариери. Некои не стапнале на сцената повеќе од 10 години. Причината за учеството на ветераните е остварување на хуманитарната акција. Собраните средства од билети ќе бидат донирани во хуманитарни цели, набавка и изработка на лифт за хендикепирани лица за НУЦК ,,Марко Цепенков,,, промена на дограмата во дневниот центар ,,Ѕуница”,, како и набавка на компјутери за посебните паралелки при ОУ ,,Климент Охридски,, – велат од театарот.

Се негува надеж дека публиката ќе ги поддржи хуманите аспекти на претставата и оваа акција ќе се претвори во традиционална.

Loading