ТАТЕ

– Ко џо на време, ама ги нема стриковцине Рампо и Цанета. Че дојда неколкумина нашиве, че се повртка, че се пошеколка, че си замина –  му вели Киро од Стровија на Стојан од Дрен, двајцата желни да слушнат драпачка од прилепските мајстори на мајтапот.

– Да бе Киро. И Стојаница моја ме сејчава дека се врајчам дома ко без душа. И кажало пилето дека не и носам драпачка, па ми вели:

– Пак си идиш ко наврнат и без понада за душава. Не дојдоа Рамо и Цане, а домајчине? 

– Шо велиш Стојане, кај да се акнати, а?  

– Негде се далдисани, ама че се вратат. Е, еве ги. Ниту тие без нас, ниту ние без нив. Киро, чути че се изнасладиме денојве. Сигурно се наторени со чешити, оти глем до уши се насмени.

– Здроживо, лујџе. Шо сте се изретчиле. Нé нема, а вие усвит, се подлутува Цане.

– Народецов е како проѕевка. Еден да зини, сите че ги отпетла. За ламинут че се нацрта, го амортизира Стојан, Цанета.

– Цане, глеј! Од кај саатон цела колона наши фанови. Уште знамиња им фалат, па да нé бодрат,  да го храбрат стрико Рампо.

– Шо ти е то феној. Колку шо глем, овде сите сме без коса, ко зелки?

– Не феној, туку фаној, навивачи. Луѓе кои ги слушнат чешитлациве! Разбра, Цане?

– А за чешитот лујџе било вака: …Неко невеста отишла средсело да си залеј вода во стомните. Си слушнала муабет дека свекоро многу се жалел од неа. Не го перела, не му готвела, не го сајкалела…

– И, праша дреновецот Киро?

– Шо, и, мариовките се итроманки, ќерки на Итар Пеја!

Ни пет-ни шес рекла:

 – …Госпо ми е сведок, како го дујдисувам татка. Ама тате излапе. Од газот си ги ваде. Ако нека си ги ваде, нека си ги јаде. Важно е ја за него лошо да не кажа – се исповедала снаата…!      

Loading