СЕКУНДИ СЕ ДОВОЛНИ ЗА ПОБЕДА НА СТОЈКОСКА

Борење

Борачкиот клуб 7 Мак Леов според очекувањата добро се претстави на Изборното првенство во Скопје. Освоени се едно прво, три втори и две трети места во различни возрасни и тежински категории. Првото место е за пионерката Барбара Стојкоска, која брзо ги соборува ривалките. Двете нејзини борби вкупно траеле 50 секунди.

Следат училишни натпревари, а во март и меѓународни.

Loading