ПОСТИГНАЛЕ 70, ПРИМИЛЕ 1 ГОЛ!

Фудбал – Прилеп има моќен ривал во црногорската Брезница

Најавени се два меча на вештачка трева

zeni fudbal prilep

Сиромашната понуда на спортски настани во градов е збогатена за викендоов. Фудбалските љубители вреди да ги гледаат првите пријателски меѓународни клупски женски дуели помеѓу Прилеп и Брезница од Плевља. На теренот со вештачка трева кај некогашната Зоолошка ќе има два меча – денес во 15 часот и утре-сабота во 11 часот. Домашниот тим, шестопласиран во македонската лига, доведе седум нови – Трајковска од Топ – гол, Тасева и Михајловска од Истатов, Бошеска од Тиверија, Велеска од Драгон, како и две младинки од Порече. За гостинот, шампион на Црна Гора, доволен е податокот – есеноска постигнал 70, примил само 1 гол. Во составот има 3 Србинки, 3 Хрватки, 1 Македонка – Јаковска. Настапиле и во Лигата на шампионите.

Есеноска во Плевља беше 3-1 за домашните.

Loading