ДЕСПИНА ВО СТРУГА

Ракомет

Пролетната ракометна сезона започнува в недела. На програмата е првото коло од женскиот куп, во кое тимот на Деспина гостува кај Стружанка во Струга. Домашните се фаворитки, ако се земе предвид дека на есенската табела Деспина е 7-ма со 13, Стружанка 4-та со 28 бода, а меѓусебните дуели ги добија стружанките со 6 и 2 гола разлика. Лигата продолжува на 3 март кај Цемс во Скопје.

Во комплетен состав продолжува со подготовките машкиот суперлигаш Прилеп. Најавен е само еден пријателски меч со Повардарие од Неготино, со оглед на тоа што и првите четири првенствени со фаворитите ќе послужат за уигрување – дома со Еурофарм и Пелистер, на гости во Охрид и кај Пролет во Скопје. Во Прилеп можни се неколку засилувања.

Loading