ЧЕШМАТА „САРАЧАНА“ ПРЕД ЕДЕН ВЕК

Cesmata Saracana odolea najmalku edno stoletie

Време – невреме. Воено, во Господовата 1915 година. Сиромаштија – немаштија. Градот живее во ритамот на борбата со голиот живот, се чувствува здивот на древното. Старата чаршија животари во свој пулс. На сликава се распослала калдрмена широка улица која ја викале “Улица на сарачите”, и водела кон Градскиот часовник. Тоа биле занаетчии кои правеле амути, и од кожи ремени и други производи.

Тука е дуќанот на Марулец кој бил за опинци, а потоа имало и трукерајка, за везење. Дуќаните интересни,  заштитени со стари железни кепенци. На аголот Сарачлија чешма им ја гасне жедта на прилепчани.

Мноштво од нив облечени во чоени пантолони, волнени блузи, се со качкети. По некој калфа и чирак излегле да го вдишат мирисот на чаршијата. И тоа е дел од прилепскиот дух. Жени во облека, сега народна носија, низ чаршија итаат по семејни потреби. Покрај чешмата, која и денес постои, заскитан војник. Сопствениците на кафетерии ја одржуваат чешмата. Многумина го негуваат духот на сарачите, не знаејќи за приказната за “сарачана”. 

Loading