ТЕНИСКИ ТУРНИР 1992

Историја

Тенисот во светски рамки се игра со векови, а во градов дојде дури во почетокот од деведесеттите години. Во јули 1992 година по иницијатива на големиот вљубеник во спортот Јован Антулески, на теренот кај Спортскиот центар се одржа првиот прилепски турнир, организиран од спортско забавниот клуб ,,Силуете,, и Радио Соник, под покровителство на Витаминка.  Во сениорското финале Пеце Михајлоски со 3-1 го совлада Златко Иваноски, а трет беше Мартин Калески. Во женска конкуренција победи Марина Георгиеска, втора беше Валентина Гулеска, трета Натали Галеска. Кај пионерите триумфира Димитар Грабулоски, пред Гоце Котески и Александар Десоски.

Највозрасен  учесник беше Глигурче Локвенец.

Loading