АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Никој не ни може ништо,а ние самите уште помалку.

Х

Имаат одличен преглед на состојбите откако им дозволивме да ни се качат на глава.

Х

Откако диктатурата ни зборува за демократија, треба да се очекува демократијата да ја фали диктатурата!

Х

Колку години заостануваме зад Европа може да се утврди, ама што да кажат оние кои доцнат цел живот?!

Х

Велат постигнале договор за вечно пријателство, а вечно се само интересите

Х

Го набркаа, а подоцна утврдија дека им постанал водач.

Х

Секоја ноќ има кошмари во сонот! Сонува дека се вработил…

Х

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading