ЧЕТИРИ ТУША ВО 1 РУНДА

Борење

Пролетната сезона успешно ја отворија членовите на БК 7 Мај Леов. Во салата ,,Ричко,, клубот беше организатор на Изборното првенство за сениори и кадети, со учество на 16 клуба и 127 борачи. Кај сениорите освоени се три трети места (Мартин Стојаноски, Теодор Темелковски, Маријан Мимичкоски) и едно петто (Христијан Пенков). Настапи еден, ама вреден кадет – Стефан Стојаноски, првак со четири брзи победи, со туш во 1 рунда.

Претстојат домашни и меѓународни настапи.

Loading