АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога не е доволно што го креваш гладот, крени го – стапот!

X

Некој сака морков – некој зелка, ама барем да се од нивната градина.

Х

Некој тешко врзува крај со крај, некој нема ни за почеток.

Х

Не само кукавицата се вгездува во туѓи гнезда…

Х

Се обидуваат да не искорнат оние – без корен.

Х

Долгото носење маки доведува до безличност.

Х

Случајни властодршци се борат само да си ја сочуваат фотелјата.

“Д-р Хаџи-Ваков”

Loading