ВАСИЛЕВСКА ШАМПИОН

Историја

Датумот 24 јули 1988 година беше важен за историјата на прилепскиот шах. Во Струга, младата Татјана Василевска стана сениорска шампионка на Македонија. Успехот беше продолжение на претходните. Таа прво стана пионерски републички првак, па пионерски шампион на СФР Југославија, потоа и младински републички првак. Поради трофеите шаховската и стручната јавност и предвидуваше највисоки дострели во кариерата, чекорење кон титулите мајстор и интермајстор.

Беше членка на ШК Мермерски комбинат.

Loading