„ИГРАТА СО СТАКЛЕНИ МОНИСТА“

Предлог – книга

Nas predlog za zimskite denovi

„Играта со стаклени мониста“ е роман на нобеловецот Херман Хесе кој го предлагаме за читање овие зимски денови. Последниот роман на Хесе е фасцинантна приказна за сложеноста на модерниот живот и класично дело на модерната литература.

Романот е приказна за Јозеф Кнехт, кој пораснува во Кастилија, место за развој на интелектуалната елита. Од детството е ангажиран да ја усоврши играта со стаклени мониста, која бара синтеза на уметности и наука, на математиката, музиката, логиката и филозофијата. Тоа го постигнува во зрелите години, кога станува мајстор на играта. Хесе не ја објаснува играта во детали, што е дел од убавината на романот, кој говори за односот меѓу

интелектот и емоциите, меѓу формалното и игривото.

Loading