ЕБ

Во наше Мариово, шо се вели, ушче не родéни ги женéле синовите, баи, абе со непни 15-17 години. Му зимале невести 10-15 години постари да му се најдéле на мајка, на татка.

Вака разговараат двајца пензионери во светилиштето за драпачки и мајтапења. Едниот бил градски, како што рече, а другиот од мариоец.

– Од Марио си бил. Од кое. Од нашево, од битолсконо или од кавадаречко. Како ти је името, праша градскиот?

– Тоа шо се три е заради опшчините, баи. Името ми е Дано, бе даскал, од нашето салам Марио, отаде река.

– Не сум бил Марио, дали сите три зборува исто или се ко во Македонијава, секој си тера свој збор?

– Не се веле својот збор, туку секој си зборуа на својот дијалект. Така и јас. Кога оде на работа, на учениците им предавав на македонски литературен јазик.

– Еј, лујџе, кроце, ќе испадни ко да не сме едно, им влезе во муабетот стрико Цане.

– Ништо лошо не рековме. Од дијалектите се прави литературниот јазик. Не биди чешитлија, баго.

– Оти да не бидам чешитлија?

– Оти ти си драпач. Не си просветен работник. Ете затоа Цане!

– Ако си даскал, издаскали  некој чешит. Глеш сите чекаат подзинати.

– Ка шо реку, моите предедовци многу рано и женîле своите сино’ви, мене дедовци. Децата му биле овчари и говедари. Еднаш недîлно си идîле дома. Други на два месîца, на промîна.

– Шо прајле невестите за она работа, а?

– Си чекîле. Една се пожалила на мајка и дека на зетот ич не му текнувало за онадење.

– И, шо и рекла мајка је?

– Черко, черко, јас че ја нарîда. Кое време си иде зетот?

– Во недела, кај зората, мајко.

– Коа че тропне портата, че легниш мртва болна. Че викаш, че умра, мажу, че умра, мајка да вида. Тој че ги викне комшивките да те чуат, че дотрча кај мене, а јас знам шо му требе.

– И, така било, а даскале?

– Зетот коа без душа отрчал кај баба му и ошче од порта свикал: ,,Бабо, бабо, бргу жената ќе ми умре, помагај,,!

– Има ли жени собрани да а чуаат, зете?

– П’на е куќата бабо, кажуј шо да права, шо да чина!

– Вади го то меретниот и не бери гајле, кај тебе и кај мене е лекот, зету, му рекла бабата и почнала да се протега и да се потсмевнува. 

– Даскале, го нашле лекот?

– Ами како, на зетот дури му било убо на душата, м’чел. Коа се олеснил на цел глас извикал: -…Ах, мајката ваша женска. За черкати ми го кажа лекот бабо, за татка не ми го кажа. Си го испуштив татка само за еден еб, бави исавот женски, бави!

ДДБ

Loading