ИЗОЛАЦИЈА ЗА ТОПЛИНА

izolacija

Загревањето на домот во зима учествува во енергетската потрошувачка до 70 отсто. Приближно 20 проценти од тоа е за загревање на водата во бојлерот и машината за перење алишта. Прва мерка за заштеда е планско користење на топлинските уреди во студените месеци.

Недоволната топлинска изолација кај повеќето куќи и станови е причина за загуба на енергија. Тоа се должи на непочитување и контрола на стандардите во градбата и застареност на тие стандарди, но и топлотните изолации. Изолацискиот материјал како стаклената волна, синтетичките плочи, природните изолации, на пример трската, со време ги губат својствата. Секој кусок на енергија се плаќа од својот цеб.

Изолацијата го спречува преносот на топлината надвор. Еденовремено се изолира бучавата и неповолните атмосферски влијанија (влага, ветер или горештина во летните месеци).

Приоритет е подобрувањето на изолацијата за заштеда на средства. Нужно е менување на навиките за подобрување на ефикасноста на системот на греење.

Таваните се огромен голтач на топлина. Затоа темелно изолирајте ги на пример со сунѓер од горната страна. Обложете го подот на таванот со плочи од полимерни материјали или стаклена волна. Да се обрне внимание на подкровјата користени како станбен простор. Особено на преградните ѕидови кон деловите кои не се греат и деловите на кои директно се потпира покривната конструкција. Да се намали протокот на воздух низ подот на поткровјето  изложено на надворешна температура.

Сите надворешни ѕидови треба што подобро да се изолираат.

Поправете ја столаријата со изолациони ленти. Ако можете, набавете непропусни капаци за прозорците и вратите, и држете ги затворени, особено кога дува ладен зимски ветар.

Само со овие мали интервенции се намалуваат загубите на топлина за 15 отсто.

Loading