ФИНТИ ПРОТИВ КРАДЦИ

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-03

Не треба да се водите по фразата ,,кој ќе ме ограби мене,,, па да ги ,,каните,, крадците дома со отклучени врати. Добра е претпазливоста барем кога одите на пат. Направете нешто домот да не биде жртва на кражба.

Еве неколку ефективни трикови за обесхрабрување на крадците дома.

Скријте ги вредните и скапоцени предмети од непознати гости. Мајстор кој поправа нешто дома или ако имате не толку познати луѓе на гости, не вадете ги сите важни предмети. Сокријте да не ги привлекуваат очите и рацете на крадците. Не дозволувајте крадците да слушнат ѕвонење на  фиксен телефон. Тие ги ,,снимаат,, овие работи и ги користат старите трикови каде што можат да успеат. Ѕвонат на домашниот телефон и чекаат да видат дали некој ќе се јави. Ако не се јави, значи дека е празно. Ако го изгасите ѕвонењето, тоа ги збунува, оти не слушаат звук и не ризикуваат. Првите катови, блиску до приземје, вреди да се заштитат прозорците со решетки. Не запуштајте ја околината на куќата, крадците да мислат дека никој не живее. Тоа ги мотивира. Одржувајте го дворот и патеката средени. Крадците се плашат да бидат фатени. Страв им е и од знак за заштитен објект или  од камера. Кога фрлате кутии од лап топ, таблет, телевизор и слично, не дозволувајте некој да знае што имате дома. Да не привлекувате крадци, уништете ги кутиите пред да ги фрлите. Ако видите сомнителни ликови кои се врткаат околу, а треба да го оставите домот празен, свртете се и мавнете кон прозорот како да има некој дома, или на заклучување само кажете ,,чао,,. Ако ги оставите завесите и ролетните од прозорците затворени неколку дена, јасно дека нема никој дома. Ставете растенија со бодликави гранки пред оградата и под прозорците да ја отежнете мисијата на крадците.

Loading