ПАКЕТЧИЊА ОД ЖФК ПРИЛЕП

ZFK Prilep

Паузата во фудбалското првенство не значи апсолутен застој, а дека е така потврдува Женскиот фудбалски клуб Прилеп. Членките на овој спортски колектив  имаат зимски активности, на хуманитарен план. Имено, по повод Нова година и Божик беа во посета на Центарот за лица со церебрална парализа, каде поделија новогодишни пакетчиња и се дружеа со дечињата, честитајќи им ги 2019 година и Божик.

Акцијата е реализирана заедно со спонзорот Витаминка.

Loading